Охридска банка Сосиете женерал обезбеди нови седум милиони евра од Европската банка за обнова и развој, од нив 6 милиони евра ќе бидат наменети за инвестиции во енергетска ефикасност, а вториот кредит во износ од 1 милион евра е за подобрување на конкурентноста на малите и средните претпријатија. Претседателската на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете женерал, Јитка Пантучкова, истакна дека со овие средства ќе продолжи поддршката на Охридска банка на малите и средните претпријатија. Четири години наназад нашиот раст во кредитирањето на малите и средните претпријатија е над просекот во банкарскиот сектор. Со кредитните програми на ЕБОР, ја потврдуваме нашата подготвеност за одржување на зголемениот пораст на домашната побарувачка за кредитирање и новите деловни можности на пазарот, истакна Пантучкова.
Охридска банка Сосиете женерал обезбеди нови седум милиони евра од Европската банка за обнова и развој, од нив 6 милиони евра ќе бидат наменети за инвестиции во енергетска ефикасност, а вториот кредит во износ од 1 милион евра е за подобрување на конкурентноста на малите и средните претпријатија.
Претседателската на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете женерал, Јитка Пантучкова, истакна дека со овие средства ќе продолжи поддршката на Охридска банка на малите и средните претпријатија.
„Четири години наназад нашиот раст во кредитирањето на малите и средните претпријатија е над просекот во банкарскиот сектор. Со кредитните програми на ЕБОР, ја потврдуваме нашата подготвеност за одржување на зголемениот пораст на домашната побарувачка за кредитирање и новите деловни можности на пазарот“, истакна Пантучкова.
Таа истакна дека годинава имала 15 проценти поголема кредитна изложеност кон малите и средните претпријатија во периодот кога кредитната активност на банките во Македонија беше нула.
Претставничката на ЕБОР за Македонија, Анка Јоана-Јонескулинија, потенцира дека средствата се наменети за ублажување на состојбите во фирмите.
„Малите и средните претпријатија се главната потпора на македонската економија, но предизвик им е и натаму пристапот до финансиски средства“, рече Јонеску.
Договорот за кредитот на „Випро“ е прв од оваа кредитна линија и претставува прв во Западен Балкан за заедничко финансирање на Охридска банка и ЕБОР. Од вкупниот износ, 800.000 евра се средства од Охридска банка, а 500.000 од ЕБОР.
Според Филип Котора, член на УО на Охридска банка, каматната стапка по која е доделен кредитот е под просекот во Македонија, а рокот на отплата е шест години. Како што информира сопственикот на „Випро“, Виктор Петков, кредитот ќе се искористи за проширување на асортиманот и освојување нови странски пазари. Со нив ќе се комплетираат две производствени линии и зголемување на капацитетите за студено складирање.